Основно училиште “Никола Карев“ Крушево

ООУ „Никола Карев“ е лоцирано во неколку населени места, како централно во Крушево, а со подрачни училишта уште во селата: Врбоец, Алданци, Норово, Саждево, Борино и Белушино, а во училиштето учат и ученици од селата: Подвис и Јакреново. 

ООУ “Никола Карев” својата дејност ја започнува во далечната 1944 година. Во почетокот функционира како четиригодишно училиште под името “Кирил и Методиј”, а од 1956 година се припојува нижата гимназија “Никола Карев” кога основното училиште го добива и денешното име.

Според член 7 од Статутот на  ООУ “Никола Карев”, Општинското основно училиште „Никола Карев“е основано со акт на Собранието на општина Крушево на 01.09.1966 година, а е верифицирано со Решение на МОН бр. 10-1248/3 од 27.06.1994 година.